Sneakpeek.mk е платформа за млади и други, која ги користи социјалните мрежи и преку кои споделува кратки информативни вести. Целта е на младите да им се понудат точни и концизни вести, во формат прифатлив за нив, како и да се промовира правилното информирање како еден сериозен напор за информирање на младите. Студиите сугерираат дека младите консумираат многу малку вести, а како што знаеме ако имаме неинформирани или слабо информирани граѓани, тогаш немаме здрава демократија. Sneakpeek.mk е проект имплементиран од Democracy Lab и поддржан од Фондацијата Отворено општество.
https://www.demlab.org/
Екипа
Уредник
Назим Рашиди, уредник и новинар во ТВ Алсат во Скопје.Водител на емисијата „Програми 200“, една од емблематичните емисии на целиот телевизиски етер во Северна Македонија. Претходно 12 години работел за Светскиот сервис на БиБиСи како уредник и дописник, за кој известувал на повеќе јазици. Активен во граѓанското општество во областа на медиумите и човековите права како обучувач и предавач во различни проекти на локални и меѓународни организации. Дипломирал и магистрирал по новинарство на Универзитетот во Тирана.
Новинар, презентер
Ана Коловска e втора година студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ во Скопје. Дел е од студентска организација BEST Skopje. Таа е организатор на многу настани. Неодамна се стекна со искуство како PR одговорна во организација на хакатон. Дополнително, само што се запозна со новинарство и ги истражува нејзините можности во таа област.
Новинар, презентер
Рита Бехадини е модераторка, новинарка и активистка за правата на жените. Завршила студии по „Бизнис и економија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. За време на студиите Рита го основала феминистичкиот студентски клуб, од каде и се родила нејзината страст за да се залага за правата на жените. Во тоа време се вработила и како новинар во Порталб, за потоа да продолжи со својата кариера четири години во телевизијата Алсат во Македонија. Нејзината работа како новинар е ориентирана кон правата на жените и родовата еднаквост. Својот активизам Рита го продолжи со основање на Центарот за еднакви можности „Молекуќја“, каде што актуелно ја извршува функцијата на претседател.
Графика
Бетим Зеќири е графички дизајнер веќе 15 години. Неговата работа вклучува видео но и други визуелни дела, вклучувајќи и постери, книги и други евенти. Актуелно работи при Албанскиот Театар во Скопје и ТВ Алсат. Вклучен е и во многу други независни проекти. Студиите ги има завршено за глума.
Проектен менаџер
Сефер Селими е основач и извршен директор на Демокраси Лаб (Democracy Lab). Дипломирал бизнис администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и е магистер по дипломатија и меѓународни односи на Меѓународниот универзитет во Струга. Тој е алумни на програмата „Решенија во заедницата“ (Community Solution Program) во САД – Програма за лидерство на Стејт Департментот, имплементирана од ИРЕКС (IREX). Во тек на својата кариера има работено како проект менаџер за различни локални невладини организации, имплементирајќи проекти од областа на транспарентноста и отчетноста.